Косовските медиуми го растргнале Харадинај поради двете секси советнички: Нивните фотографии откриваат се

Опозицијата и обичниот народ, имено, го критикуваат Харадинај за непотизам и скандалозна селекција при вработувањето на политички и медиумски советници во својот кабинет.

Премиерот на Косово, Рамуш Харадиниј, веќе долго време е предмет на критики од локалната јавноста поради се поголемиот број на политички советници кои ги вработува, вкупно 11, но и поради вработување на негови партиски пријатели од неговата Алијанса за иднина на Косово.

Опозицијата и обичниот народ, имено, го критикуваат непотизмот на Харадинај и скандалозната селекција при вработувањето на политички и медиумски советници во својот кабинет, во кој преовладуваат младоста и убавината.

Атрактивната 23-годишна Делиза Хоти е најмлада советничка на премиерот, а за помалку од една година успеала да влезе во кабинетот на Харадинај.

Тоа што е спорно покрај нејзините години, односно неискуството, е и образованието, бидејќи политички науки дипломирала на приватен факултет.

Нејзината 22-годишна колешка Бези Османи е вработена како личен асистент на премиерот на Косово, а нејзиниот настап на социјалните мрежи е окарактеризиран како екстраваганден, секси и неприкладен.

Тоа што им се замерува, како што пренесуваат приштинските медиуми, е тоа што се наоѓаат на позиции на кои би требало, како и секаде во светот, да бидат интелектуално посупериорни лица.

Медиумите истакнуваат и дека овие советнички посветуваат големо внимание на надворешниот изглед, што е лош пример за младите на Косово, каде владее голема невработеност.

Leave a comment

error: Content is protected !!