Манекенката Дунавка Трифуновска, за прв пат јавно проговори за љубовта со популарниот македонски пејач.
Имено, Дунавка во интервјуто за “Репортер” кажа дека Владо е совршен љубовник, но и дека функционираат добро и како љубовници и како соработници.
„Владо ми дозволи да бидам она што сакам. Не е тајна дека сме заедно. Блиски сме и не криеме дека имаме љубовна врска. Јавно се појавуваме заедно се едно дали не виделе во хотел или шетаме во Охрид низ чаршија“, вели Трифуновска.