Консумирате многу протеини? Ова се можните последици

Протеините се клучни за стимулирање на метаболизмот и помагаат во развој на мускулите, а ако ги внесувате во големи количини, ќе имате несакани последици.

Протеините играат важна улога во слабеењето, а токму и тоа е причината поради која луѓето одбираат диета со многу протеини и малку јаглехидрати. Таквите диети даваат резултати само ако правилно се применуваат, но таквата исхрана може да резултира и со внесување на премногу протеини во организмот.

За здрави луѓе се препорачува внесуваање на 0.8 грама протеини на еден килограм телесна тежина. Овој процент за консумирање протеини варира во однос на возраста и се зголемува како што човекот старее, но претераното внесување на протеини може да предизвика проблеми со здравјето.

Ако забележите зголемување на телесната тежина без причина, проверете колку протеини внесувате. Може да добиете на тежина и кога избегнувате брза храна и благо, а причината може да бидат протеините кои исто така содржат многу калории.

Консумирањето на премногу протеини може да резултира со запек. Кога јадете храна која е премногу богата со протеини, организмот добива помалку влакна. Сите знаеме дека за добро варење потребни се влакна, така што, ако ова е случај кај вас, променете ја исхраната.

Здивот исто така може да биде резултат од консумирање премногу протеини и не треба да се игнорира.

Ако константно сте нерасположени, нетрпеливи и деконцентрирани, тоа може да биде резултат на вашата исхрана и консумација на премногу протеини.

Зголемувањето на нивото на холестерол може да биде поврзано со преголема количина на протеини во организмот, а поради тоа може да се чуствувате уморно. Сите знаци треба внимателно да ги набљудувате и да ја промените исхраната доколку е потребно.

Leave a comment

error: Content is protected !!