Конечно пробиена лозинката на лап топот на човекот кој почина и ги остави своите клиенти без 200 милиони долари

Кога ненадејно почина 30-годишниот Џералд Котен, основач на канадската криптоменувачница “QuadrigaCX”, беше утврдено дека на неговите клиенти им должи 190 милиони долари.

Парите не можеле да бидат исплатени затоа што Котен бил единствениот кој што ја знаел лозинката од виртуелниот „сеф“ каде што биле складирани средствата. Сепак, истражителите успеале да провалат во неговиот лаптоп, по што откриле дека пари – нема.

Котен ненадејно почина во декември во Индија, а парите во сопственост на околу 115 илјади клиенти биле сочувани во офлајн складиште на кое што можел да пристапи само тој.

Целиот случај предизвика лавина на теории и многумина сметаа дека Котен ја лажирал својата смрт и побегнал со парите. Меѓутоа, истражителите откриле дека сметката е испразнета во април, осум месеци пред неговата смрт.

Покрај тоа, откриени биле и други сомнителни работи, како тоа што од компанијата “QuadrigaCX” никогаш не ги пријавиле своите финансии. Пронајдени биле 14 кориснички сметки од кои се тргувало на платформата и од кои биле повлечени криптовалутите на адреси кои што не се поврзани со оваа менувачница.

Со оглед на тоа што компанијата се соочила со големи долгови, поточно 190 милиони долари, морале да поднесат барање за кредиторска заштита кон крајот на јануари. Инаку, од криптоменувачницата „Кракен“ понудиле награда од 100 илјади долари за пронаоѓање на „загубените“ пари.

Leave a comment

error: Content is protected !!