Колку всушност бил страшен земјотресот на Алјаска: Седеле дома, и наеднаш…

Кога земјотресот со јачина од 7 степени по Рихтерова скала ја погодил Алјаска околу 9 часот наутро, сè започнало да се тресе.

Земјотресот траел речиси една минута, а многу граѓани панично истрчале на улиците. Властите се спремале за најлошото можно сценарио, но за среќа немало повредени и ниту една зграда не се срушила иако е забележана значајна штета.

Колку земјотресот бил силен, сведочат и двете снимки на едно семејство од Енкориџ. На видеата може да се забележи како семејството седело во кујната кога сè започнало да се тресе со голем интензитет. Таткото брзо истрчал надвор со детето, а потоа истрчала и мајката. Ѕидовите се поместувале како да се од хартија, а неколку предмети паднале на подот.

Земјотресот се случил пред четири дена, а епицентарот бил на околу 13 километри северно од градот Енкориџ, пропратен со низа дополнителни, силни потреси. Нанесена е голема штета, особено на патиштата и мостовите во подрачјето.

Leave a comment

error: Content is protected !!