Колку време треба да трае “акцијата”?

Кога луѓето зборуваат за секс, често се фалат како “трае цела вечер” или барем со часови. Колку всушност би требало да трае?

Мажите често се фалат во друштвото колку се издржливи во кревет, но факт е дека никој не сака акција која трае цела вечер.

Истражувањата покажуваат дека жените најмногу уживаат во сексуален однос кој трае 20 минути до половина час, никако подолго од еден час. Но, постои ли некое идеално време колку би требало да трае сексот?

“Не е важно колку трае односот, важно е колку партнерите се задоволни од него”, вели психологот и сексолог др. Беки Спелман.

“Често постои медицинска причина сексот да трае пократко, можеби затоа што на жените им станува непријатен од различни причини. На пример, оние кои имаат инфекција на уринарниот тракт можеби забележуваат дека пократкиот однос резултира со помал број на инфекции.”

Исто така, бидејќи повеќето жени не можат да доживеат оргазам само од пенетрација, можеби во тој дел од односот уживаат помалку отколку во друг, па затоа и трае пократко”, објаснува Спелман.

 

“За многу парови сексот не е само задоволство, туку и интимност и блискост, па односот кој трае кратко можеби претставува компромис за тоа колкава блискост чувствуваат кон партнерот.

На крајот на краиштата, ако двајцата партнер се задоволни, не е важно колку трае сексот. Вистинското траење на односот е тоа во кое двајцата уживате”.

Психологот истакнува дека некои луѓе имаат премногу високи очекувања кога станува збор за сексуалниот живот, поради што на крајот се разочарани.

“Секој има различни очекувања. Некои парови сакаат на брзина и тоа ги исполнува со задоволство, други можеби мислат дека односот кој трае кратко е неуспех. Најважно е отворено да разговарате за потребите на едниот и другиот, за на време да ги решите проблемите, ако ги има”, вели Спелман.

Со оглед на тоа дека “акција на брзина” не мора да е лоша работа, од каде тоа дека мислење дека сексот би требало да трае цела вечер или барем со часови.

“Мислам дека доаѓа од таму што мажите на себе веројатно си ставаат притисок дека мора да се покажат. Тие често чувствуваат дека треба да ја импресионираат партнерката, дека се одговорни за задоволството на двајцата. Тоа не е точно. Двајцата партнери треба да се потрудат сексот да биде пријатен”, истакнува сексологот.

Па, ако сте двајцата задоволни, не е важно колку ќе трае вашиот однос – дали го рушите својот рекорд во траењето или уживате “на брзина”…

 

Leave a comment

error: Content is protected !!