Колку ќе чини карта за туристички лет во вселената со ракета?

Основачот на компанијата Blue Origin, Џеф Безос наскоро ќе понуди туристички летови во вселената.

Само што, нема да биде баш евтино.

Два извори блиски до Безос изјавија дека цената на картата изнесува помеѓу 200 000 и 300 000 долари. Blue Origin е независна компанија која ја основал Безос за да може да работи на патување во вселената, а неговата ракета Њу Шепард со патничката капсула поставена на врвот, наменета е за најбогатите туристи.

ВО капсулата има шест седишта, а поседува и големи прозороци кои овозможуваат добар поглед. Патниците ќе можат барем неколку минути од вселената да уживаат во глетката кон Земјата.

Компанијата Virgin Galactic продава карти за лет во вселената по цена од 250 000 долари, а досега се прифатени пријави на 600 луѓе.

Leave a comment

error: Content is protected !!