Која сила го предизвика цунамито во Индонезија, во кое загинале повеќе од 280 лица

Најмалку 281 лице почина, а повеќе од 1000 се повредени по појавата на цунамито, кое го погоди островот Јава и Суматра.

Цунамито ги погодило плажите околу Сундскиот теснец, помеѓу Јава и Суматра, откако било предизвикано од ерупција на вулкан.

Најверојатната теорија, на која во прилог ѝ одат и сателитските снимки, укажува на тоа дека цунамито не ја погодило областа поради земјотрес, како што обично тоа се случува во природата, туку поради ерупција на вулканот.

Снимките после цунамито откриваат страшна природна катастрофа, која опфатила бројни жители и туристи, а од тамошните агенции предвидуваат дека бројот на жртви и повредени ќе расте.

Но, според досегашните изјави на експертите, изгледа дека немало начин да се предвиди вчерашното цунами.

Имено, со оглед на тоа дека цунамито не настанало како последица на тресење од земјотрес, што, како што споменавме, вообичаено е причинител, жителите не биле предупредени за природната катастрофа која ќе ги затекне.

Експертите сега истражуваат дали ова цунами е поврзано со ерупцијата на вулканот Краката, а сателитските снимки, судејќи по сè, ја потврдуваат оваа теорија.

Leave a comment

error: Content is protected !!