Кој паднал во оваа река, не преживеал: Изгледа како поток, но ако некој падне, струјата и карпите го мелат

Реката Ворф и нејзиниот дел наречен Болтон Стрид во британски Јоркшир изгледаат бајковито, но тоа што не би го претпоставиле гледајќи ги питомите шуми, големите камења и обраснатото корито кое повеќе наликува на поток отколку на река – е дека ова е најопасната река на планетата.

Ако паднете шансите да загинете, велат локалците, се сто проценти. Тие одговорно тврдат дека никој никогаш не се извлекол од смртоносната прегратка на навидум питомата река.

Според легендата која кружи, во неа еднаш се удавило и дете кое требало да стане крал на Шкотска, но во длабочините го повлекле водите на Стрид, кои се обидувал да ги прескокне.

 

На прв поглед делува како да станува збор за обичен поток, реката е широка и бавна, а потоа се врти на страна, односно тече вертикално наместо хоризонтално, па станува тесна, но и неверојатно длабока.

Под заоблените зелени карпи кои го окружуваат потокот се кријат метри и метри шупливи простори исполнети со вода, која, ако паднете, заедно со карпите едноставно ќе ве сомеле.

Leave a comment

error: Content is protected !!