ПСЖ, со влезот на странски капитал, стана врв на европскиот фудбал, но одамна знаеме што преставува екипата од „Паркот на принцовите“- елегенција, атрактивност и модна освестеност.
Отсекогаш парижаните ги имале некои од најубавите дресови во спортскиот свет, а како да ги немаат, кога нивниот дом го нарекуваат една од главните светски модни престолнини. Дури и грбот им е одлично дизајниран, но тоа не е тешко кога ја имаат Ајфеловата Кула, симболот на градот.
За оваа прилика, грбот на ПСЖ е „ремиксиран“- брендот Џордан одлучи во соработка со парискиот клуб да промовира нов модел на патики во фина и суптилна комбинација на бои. На петата се наоѓа новиот грб- наместо Ајфел, таму е познатиот Jumpman, симболот на брендот Џордан.
На внатрешното на јазикот го пишува и слоганот на клубот- “Ici c’est Paris”, а се истакнува и бројката 75, која е париски поштенски број.
Џордан и порано соработуваше со ѕвездата на ПСЖ- Нејмар, а можно е преку таа линија да дошло и до оваа соработка. Се уште не излегла службена потврда дека овие патики излегуваат, но сепакслики кажуваат се.
Се очекува цена од околу 200 долари.