Кој е вашиот изговор? Оваа 95-годишна баба е инспирација за многу луѓе

Американката Филис Суес станала инспирација на жените ширум светот поради својот начин на живот.

Имено, Филис има 95 години и ја пишува свјата прва книга „20 совети како да го промените животот“. Истакнува дека никогаш во животот не брзала, па така на 50 години започнала сопствен бизнис, на 75 години летала со трапез, на 85 години првпат отишла на јога, а со падобран првпат скокнала кога имала 90 години. Неверојатно зарем не?

Оваа импресивна жена вели дека сака да биде инспирација за сите луѓе, независно на која возраст се, кои се борат со своето здравје. Признава дека и самата има здравствени проблеми, но тоа не ја спречува да ги прави работите кои ги сака. Главнат цел ѝ е да се чувствува добро и да биде во совршена форма, без оглед на тоа што има болки во рамената и стопалата, повреден ѝ е менискусот и скршан ѝ е еден бицепс.

Свесна е дека телото со текот на времето ослабнува, но тврди дека за тоа треба да се бори како „луда“ и дека тоа е битка која нема крај.

За својот долг живот, Филис може делумно да им биде благодарна и на своите гени. Нејзината сестра неодамна го прославила 100-от роденден, а нејзината мајка живеела 94 години. Сепак, и покрај таа верува дека клучот за долговечен и траен живот е во тоа да остане активна, отворена и без страв да учи нови работи.

Филис е поранешна танчерка, а со балет почнала да се занимава кога имала 14 години. Признава дека уште тогаш знаела дека со танц ќе се занимава цел живот. Никогаш немала повеќе од 45 килограми, а вели дека може да јаде што и да посака. Што се однесува до нејзината исхрана, вели дека јаде сè, но дека тајната е во количината, односно во порциите.

Оваа 95-годишна баба, вежба јога секое утро по еден час, а освен тоа игра и танго. „Знаев дека не можам да бидам добра во јогата, ако не сум доволно добра во тангото. Ми требаше рамнотежа, па јогата и тангото стапија во брак“, вели Филипс.

„Тоа е мојата филозофија. Да го поминеш животот седејќи е страшно, затоа почни да се движиш. Танцувај, оди, прави било што, само не седи. Потоа, треба да знаеш како да се носиш со предизвиците, бидејќи постојано се појавуваат. Прифати ги, одговори им и секој ден учи нешто ново – нов јазик или музички инструмент… Јас сум многу мотивирана и не се откажувам, без оглед на тоа колку е тешко – знам дека ќе успеам“, заклучува Филис.

Leave a comment

error: Content is protected !!