Кој е убавецот: Го мрази половина машка популација во светот, но затоа стана ултрапопуларен меѓу жените

Финалето во овогодинешната Лига на Шампиони беше возбудливо и проследено со многу скандали. Реал Мадрид ја доби третата по ред шампионска титула, но натпреварот ќе остане запаметен и по други нешта.

Голманот на Ливерпул доживеаа засрамувачка ситуација, а грешката која ја направи и прими гол од Бензема го чинеше скапо. Половина светска машка популација го мрази Германецот Лорис Кариус, кој по натпреварот се извинуваше пред фановите, со солзи во очите молејќи за прошка.

Женскиот дел од фудбалската публика, па дури и оние кои не гледаат фудбал, после финалето велат дека „не би му простиле“. Младиот германски репрезентативец и голман на Ливерпул одеднаш стана најпосакуван меѓу жените.

Неколку милиони девојки и жени од цел свет коментираат за тоа колку е убав и згоден и дека ако не му оди во фудбалот, одлично би се снашол како актер во Холивуд, или пак модел.

Кариус е роден во 1993 година во Германија. Пред да игра за Ливерпул, беше дел од неколку тимови во германската Бундес Лига, а играше и за Манчестер Сити.

Можеби после киксот во Киев, нема повеќе да биде од славниот Ливерпул, но едно е сигурно- доби милиони обожавателки низ светот, кои наместо да го критикуваат за играта, му се лутат што на крајот од натпреварот не го покажа своето згодно истетовирано тело.

Leave a comment

error: Content is protected !!