Кој е среќникот на кој Лила му посвети најромантична фотографија?

Деновиве Лила повторно е во центарот на вниманието.

Водителката, гостувајќи во едно тв шоу изјави дека би се омажила и по трет пат, а тоа беше доволно да ја разбранува јавноста. Некои мажи коментираа дека веднаш би ја побарале за сопруга, а некои завидливи жени искоментираа дека доста и биле два брака. Во секој случај, неодоливата Филиповска никого не остави рамнодушен.

За уште повеќе да  ја „заголицка“ љубопитноста на јавноста, Лила објави романтична фотографија на зајдисонце.

„Зајдисонцето е се уште моја омилена боја“- напиша познатата водителка над фотографијата.

Но, сите се запрашаа на кого е посветено срцето во кое Лила со своите раце го смести зајдисонцето.

Дали можеби на фотографот кој ја направил оваа преубава фотографија? Дали на новиот избраник кој и го украде срцето? По овие прашања, нашата Лила е се уште мистериозна.

Leave a comment

error: Content is protected !!