Кога татко ти е олигарх тежок 15 милијарди: Вака изгледала раскошната свадба на руската наследничка која се омажила за 10-години помлади танчер

Една од најпосакуваните Русинки, 34-годишната Анастасија Потанјина, се омажила за 10 години помладиот Артем Кручин.

Свадбата која се одржала во хотелот “Кап-Еден-Рок” на Азурниот брег, била и повеќе од раскошна, што не чуди ако се земе во предвид дека родителите на Анастасија судски се борат на највисоката алиментација на светот.

Анастасија е најстарата ќерка на 57-годишниот руски олигарх Владимир Потанјин, магнат во металната индустрија, чие богатство се проценува на 15,1 милијарди евра.

Нејзината мајка Наталија веќе четири години пред руските судови бара од својот поранешен сопруг алиментација од 13 милиони евра, а се претпоставува дека судската битка би можела да се префрли на некој од лондонските судови. На фотографиите и снимките од свадбата не се гледа мајката на Анастасија, па се претпоставува дека не присуствувала.

Руската наследничка е поранешна шампионка во аквабајк и сопственичка на галерија за современи уметности во Москва. Нејзиниот русокос сопруг е танчер кој тврди дека на натпреварувања ја претставувал Британија.

Работи како учител кој наплаќа околу 20 евра за 45-минутни лекции. Јасно е дека неговиот начин на живот и тоа како се разликува од тој на Анастасија.

“Танцувам од свои 16 години. Имам шест години работно искуство со апсолутно различни луѓе. Тренирам групи, држам приватни часови, тренирам за натпревари и подучувам деца”, опишал тој на својата страна.

Владимир Потанјин е 56. најбогат човек на светот, а близок е со Владимир Путин. Јахтата која го носела името на својата ќерка овој месец ја продал за вртоглави 70 милиони евра.

Од нејзината мајка се развел по 31 година брак, наводно бидејќи ја изневерувал со 15 години помлада жена, со која добил и дете. Анастасија по разводот останала блиска со својот татко, додека нејзиниот брат застанал на страната на својата мајка.

Колку била раскошна свадбата на Анастасија, докажува и фактот дека церемонијата ја водел познатиот водител и комичар Иван Ургант, а пеел познатиот музичар Леонид Агутин. Прославата завршила со огномет, кој, според описите на гостите, бил чудесен.

Leave a comment

error: Content is protected !!