Италијанската полиција уапсила 31 член на мафијата Касамоника, во големата акција во Рим и ширум југот на земјата.
Во акцијата за апсење на еден од најсуровите мафијашки босови во Италија, Џузепе Касамоника, учествувале повеќе од 250 припадници на полицијата.
Покрај него, уапсени биле и голем број членови на неговото семејство и други соработници.
Мафијашите кои биле уапсени ширум Рим и јужна Италија, се товарат за дела како трговија со дрога и изнудување на пари.
Куќата на Џузепе Касамоника била главно собиралиште на неговите опасни луѓе, а при претресот на куќата, пронајдени биле 50.000 во кеш, бројни банкарски сметки, луксузни часовници и автомобили…