Кога ќе ги погледнете овие фотографии ќе сфатите низ што поминувале спасувачите во Тајланд

Светот се уште слави за хероите кои со натчовечки напори ги спасија 12-те млади фудбалери и нивниот тренер од поплавената пештера на Тајланд.

На социјалните мрежи кружат фотографии кои покажуваат низ каква мака поминувале спасувачите и каков данок платиле сите инволвирани во оваа акција, спасувачите, децата, тренерот, нуркачите…

Поради фактот дека во спасувањето учествувале експерти од целиот свет, тајландските медиуми ја нарекле оваа акција “успех на обединетите народи”.

Спасувачите работеле и дење и ноќе, исцрпувајќи се до границите на издржливост со цел децата да бидат спасени и извлечени на безбедно.

Стотина луѓе буквално живееле покрај и во пештерата сè додека последното дете не биде извлечено.

Спасувачите спиеле на земја и во кал и воопшто не се штеделе со цел акцијата да помине во најдобар можен ред.

Leave a comment

error: Content is protected !!