Кобен сендвич ја убил ќерката на милијардерот: Наташа купила багет на аеродром, татко и во авионот се обидувал да ја спаси

Девојчето алергично на сусам умрело кога изело багет купен на аеродром. 15-годишната Наташа Еднан-Лаперус од Лондон била на пат за Ница, каде во 2016. година требало да ги мине летните празници, кога паднала во авионот на “British Airways”.

Иако нејзиниот татко веднаш и дал две инекции, девојчето умрело во рок од неколку часа во болница во Ница.

Наташа на Хитроу изела артичока, маслинка и багет купен во продавница на познатиот британски ланец “Pret a Manger”. Кобниот сусам бил во печивото, а не на кората, па така не се видел.

“Prat a Manger” потврдил дека нивните производи не се поединечно означени со информации за состојки и алергенси. Наместо тоа, тие информации се наоѓаат на полиците на нивните продавници, а можат да се добијат и од персоналот.

Нејзиниот татко Надим Еднан Лаперус, милионер и основач на фабрика за играчки, вели дека остатокот од семејството се обидува да се носи со животот без нивното сакано девојче.

“Се што кажеме или направиме е потсетник дека таа повеќе не е со нас – нејзината соба е празна, школската униформа виси во плакарот, нејзината ташна спакувана за одморот во Ница не е распакувана, не можеме да собереме сили за тоа”.

Првото судско рочиште за овој случај е закажано за понеделник, а на обвинтелната клупа е трговскиот ланец.

Leave a comment

error: Content is protected !!