Кинескиња мислела дека купила куче, а по некое време забележала дека нешто не е во ред

Кинескињата која пред околу една година мислела дека купува куче од расата јапонски шпиц, била шокирана кога и било кажано дека нејзиниот миленик воопшто не куче, туку лисица.

Госпоѓа Ванг го купила миленикот од пет шоп и го одгледувала со месеци, мислејќи дека, како што и било кажано пред купување, станува збор за јапонски шпиц. Сепак, по неколку месеци, забележала дека нејзиното куче не лае, дека одбива да јаде кучешка храна и дека неговите влакна стануваат погусти и поостри.

Ванг го купила кучето во провинцијата Шанси на северот на Кина минатото лето за 160 евра, а како младенчето растело, неговата муцка почнала да се развива во шпицаст облик, а опашката станувала се подолга.

“Крзното стануваше се поостро кога наполни три месеци. Неговото лице стануваше шпицасто, а опашката порасна многу повеќе отколку кај нормално куче”, рекла таа за кинеската регионална телевизија.

Како што рекла, другите кучиња се плашеле од нејзиниот миленик, па секогаш морала да го шета на други места, бидејќи луѓето во паркот и велеле дека тоа не е куче, туку лисица.

Госпоѓа Ванг одлучила да оди во Зоолошката градница во Таијуан и да слушне стручно мислење за својот миленик.

Сан Летиан, експерт за превенција на животински епидемии во таа золошка градина, ја дочекал Ванг и ги потврдил нејзините сомнежи.

“На основа на големината, станува збор за вид на лисица. Таа има карактеристичен мирис, кој може да стане и појак како лисицата расте”, рекол тој.

Белата лисица, чија должина изнесува 30 сантиметри, се очекува да порасне и уште повеќе, сопственичката одлучила да ја предаде на зоолошката градина, каде ќе добие прикладна нега и подобро окружување.

“Ако ви недостасува, дојдете да ја посетите”, и рекол Сан на Ванг кога се поздравувала со својот миленик.

Leave a comment

error: Content is protected !!