Ким и Трамп го потпишаа историскиот договор: “Подгответе се, ве чекаат промени”

Американскиот претседател Доналд Трамп и лидерот на Северна Кореја, Ким Јонг Ун, потпишале, како што се наведува, историски документ во текот на преговорите во Сингапур.

 

Засега нема многу детали за тоа за каков договор станува збор, освен дека е сеопфатен. Ким притоа рекол дека лидерите се подготвени да ја остават историјата зад себе.

“Светот ќе види големи промени”, рекол Ким Јонг Ун.

На прашањето дали некогаш Северна Кореја ќе започне денуклеаризација, американскиот претседател рекол дека “тој процес ќе се случи многу, многу брзо”.

 

Leave a comment

error: Content is protected !!