Ким и Трамп ќе се сретнат на ова атрактивно место со страшно минато

Островот Сентоса, место на историската средба на американскиот претседател Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун, денес е популарна туристичка дестинација во Југоисточна Азија со познати терени за голф и песочни плажи.

 

Островот во Сингапур, меѓутоа, има и свое мрачно минато кое е малку познато.

Локацијата на самитот, закажан за 12. јуни во девет часот по локално време, е одбрана од многу логични причини.

Островот е сместен на само половина километар од јужниот брег на Сингапур, островска град-држава, каде ќе биде полесно да се спроведат силните мерки за безбедност, кои се подразбираат за ваков состанок.

Иако денешното име на островот значи мир и спокојство, некогаш бил јапонски логор за воени заробеници од Британија и Австралија, по предавањето на сојузничките сили на Јапонија во 1942. година.

Островот кој годишно го посетуваат 20 милиони туристи, бил центар на масовни егзекуции на сингапурските Кинези, вклучувајќи цивили, кои се осомничени за антијапонски активности.

Многу од убиствата биле извршени токму на плажата, на која сега се наоѓа познатиот голф терен Серапонг.

Се до 1972. година, островот Сентоса бил познат како Палау Белаканг Мати, грубо преведено како остров на смрт од зад грб, но сингапурската влада го преименувала пред да го претвори во атрактивна туристичка дестинација.

Малку е познат фактот дека многу генерации Кинези морале да го напуштат островот и да се преселат во градските облакодери, и тоа не по сопствен избор.

Извори блиски на организацијата на самитот тврдат дека Сентоса е одбран затоа што островот со Сингапур е поврзан преку мост на кој лесно може да се затвори сообраќајот.

На Сентоса свој дом изградиле некои од најбогатите луѓе во Сингапур, а некои од раскошните вили на брегот чинат до 29 милиони долари.

Во хотелот Капела, каде ќе се одржи средбата, цената за соба за една вечер чини околу 500 долари.

Leave a comment

error: Content is protected !!