Кијану Ривс уште еднаш покажа дека е голема фаца

Актерот Кијану Ривс стекнал нови неочекувани пријатели откако авионот во кој летал, морал да изврши итно слетување овој викенд.

Популарниот актер патувал од Сан Франциско до Бурбенк, Лос Анџелес. Во видео снимките кои ги снимиле неговите сопатници, се гледа Ривс како презема иницијатива за ревидирање на следните патни планови, а на крајот се качил во автобус со останатите патници бидејќи во тој момент возењето до Лос Анџелес било побрзо од летањето.

Некои од видео снимките на патниците покажуваат дека за време на возењето со автобус, Кијану шеговито им читал забавни факти за Бурбенк на своите сопатници, пред да почне да пушта музика на Јутјуб со потекло од Бејкерсфилд (кантри музика која настанала во 1950-тите години во овој град).

Подоцна, откако пристигнале на својата дестинација, актерот бил забележан како заминува во еден ресторан за брза храна со сега веќе новите пријатели, како да е сосема обичен човек а не еден од најпознатите светски актери на денешницата.

Една работа е сигурна по ова: доколку барате пријател за патување, Кијану Ривс би требало да биде на врвот на вашата (и нашата) листа.

Leave a comment

error: Content is protected !!