Ќерката на отруениот руски шпион праќа шокантна порака: Сакам да се вратам дома, во својата Русија

Јулија Скрипал, ќерата на поранешниот полковник на Главната разузнавачка управа на Русија, Сергеј Скрипал, се надева на враќање во Русија во “долгорочна перспектива”.

“Во долгорочна перспектива се надевам дека ќе се вратам дома, во својата земја”, рекла Јулија во своето прво обраќање по труењето во Солисбери, јавува “Reuters”.

“Reuters” соопштил дека дошла до нив во придружба на британската полиција и дека не сакала да зборува пред камери, туку дека дала пишана изјава, но дека има нејзини свежи фотографии. На вратот на Јулија се гледа и лузна која претходно ја немала.

“Татко ми и јас сме среќни што го преживеавме овој обид за атентат. Нашето закрепнување е бавно и многу болно”, рекла таа во својата пишана изјава.

Јулија моментално се наоѓа на безбедно место во Лондон. Британските власти им понудиле на Сергеј и Јулија да им дадат нови идентитети и да ги префрлат во САД, за да избегнат нови атентати.

Јулија ја напуштила болницата на почетокот на април, а нејзиниот татко кон средината на мај. Болницата не го опишува детално процесот на нивното лечење.

Leave a comment

error: Content is protected !!