Ќерката на Цеца станува пејачка, познат српски пејач и подари песна!

Со месеци се шпекулираше дека и ќерката на балканската фолк ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ ќе заплови во естрадните води.

Анастасија Ражнатовиќ, веќе наголемо работи во избирањето на песни, а една од најпопуларните девојки во Србија, дефинитивно одлучи да стане пејачка. Нејзината кариера ќе ја започне со песна, чиј што автор е познатиот Реља Поповиќ од Елитни Одреди, инаку сопруг на ќерката на Весна Змијанац, Николија.

Додека со месеци се шушкаше за тоа дали Анастасија ќе соработува со тимот на Цеца кој веќе две децении создава хитови за неа, сепак се определи за Реља и правец на музика кој во последно време е се поактуелен.

Реља Поповиќ решил да и ја подари песната со која, младата девојка ќе ја започне кариерата.

„Анастасија отсекогаш сакала да пее и сите беа убедени дека кога тогаш ќе почне да се занимава со музика, со оглед дека тоа и е во крвта. Познато е дека на сите прослави се случува да запее, а поради тоа сите зборуваат дека е вистинска наследничка на Цеца. Сега дефинитивно одлучи сериозно да и се посвети на музиката. Долго размислуваше кој тип на музика ќе изведува, но на крај одлучи првата песна да и ја напише Реља. Кантавторот беше воодушевен кога Анастија му понуди соработка. Мислам дека песната ќе и се допадне на публиката затоа што е со побрз ритам, а Анастија сними и спот за истата. Со Реља преговараа со месеци дури и за најситните детали, а најголемото изненадување следуваше кога Реља и кажа дека тоа е негов подарок и дека не му е должна ниту динар. Анастасија во студиото влезе со Цеца, А Рења им кажа дека му е чест да сорабутва со нив и дека не сака да им наплати“- изјавил добро инфориман извор.

 

Leave a comment

error: Content is protected !!