Ќерка ја убила мајката во најбизарната несреќа за која сте слушнале

Една постара жена го изгуби животот во бизарна трагедија, кога откако излегла од автомобилот да провери дали ги земала кесите за купување, ја прегазил токму сопствениот автомобил.

Неименуваната жена, стара 58 години, погинала кога тргнала на шопинг во Сиднеј во моментот кога автомобилот кој го паркирала нејзината ќерка тргнал да се спушта кон неа.

Спрема резултатите на истрагата, нејзината ќерка која го возела автомобилот најверојатно не ја подигнала рачната кочница иако била паркирана на повисоко место. Соседите на трагично настраданата рекла дека жената живеела со зетот, ќерката и нивните две деца и дека скоро се доселиле во тој крај.

Ќерката која пробала да ја реанимира мајката, одведена е во болница на задолжително тестирање, а една од причините е и шокот кој го доживеала. Полицијата се уште работи на собирање на детали од оваа бизарна несреќа.

Leave a comment

error: Content is protected !!