Ракетата Сојуз денес успешно однела тројца астронаути во капсула кон Меѓународната станица во орбитата околу Земјата, соопштила руската вселенска агенција Роскосмос.
Капсулата би требало да пристигне на Меѓународната вселенска станица 6 часа по лансирањето. Во леталото лансирано од космодромот Бајконур во Казахстан се астронаутката од американската вселенска агенција НАСА, Ен Меклејн, Дејвид Сен-Жак од канадската вселенска агенција и Олег Кононјенко од руската вселенска агенција Роскосмос.
Полетувањето е извршено по план во 17.31 по локално време (13.31 по централно европско време). Тоа е прво лансирање на екипаж од неуспешното во октомври кога заради дефект на ракетата Сојуз автоматски се активирал системот за спасување со чија помош американскиот астронаут Ник Хејг и Русинот Алексеј Овсинин се вратиле на Земјата.
Потоа се лансирани четири Сојузи без екипаж како би се припремило ново патување на луѓето до Меѓународната вселенска станица.