Камерите го снимиле како напаѓа девојка, Парижани шокирани

Французинката Мери Лагер се движела низ улицата, додека зад неа одело момче што ѝ дофрлувало навредливи коментари.

Мери била и нападната, а како шти пишува ВВС, Франција е шокирана од инцидентот што се случил во Париз.

Лагер има 22 години и таа за француското радио раскажала што се случило тој ден.

„Тоа не беше прв пат, ниту тој ден, а ниту тој месец. Сето тоа полека сè таложеше во мене. Се налутив и му реков да си ја затвори устата“, раскажала.

Тогаш напаѓачот станал агресивен и ѝ фрлил пепелник, а за малку не ја удрил. Сето ова се случувало на терасата од едно кафуле, а безбедносните камери сè снимиле, а потоа тие снимки биле и објавени.

Откако ѝ го фрлил пепелникот, ѝ се доближил и ја удрил.

„Знаев дека ќе ме удри. Можев да побегнам, но тоа не доаѓаше предвид. Не сакав да го спуштам погледот и сигурно не сакав да се извинам“, додала Лагер. Момчето ја удрило на лицето и продолжило да вика по неа.

Тогаш гостите во кафулето виделе што се случува и му се развикале на момчето, па потоа тргнале по него кога почнал да бега.

Девојката паднала и одлучила да си оди дома, но потоа се предомислила. Се вратила во кафулето и побарала од гостите да бидат сведоци во полиција, бидејќи одлучила да го пријави случајот.

Гостите прифатиле, а од кафулето ѝ ја дале снимката од нападот.

Лагер на својот Фејсбук профил објавила дека е тешко да се спротиставиш на насилство, но бидејќи ова ги засега сите жени, време е да се каже „стоп“.

„Не можам да молчам, и не смееме да молчиме“, рекла таа.

Поради овој случај, следуваат промени во казнувањето на уличното насилство кое е во вид на малтретирања и дофрлувања, јавува ВВС.

Leave a comment

error: Content is protected !!