Камерите го снимиле хоророт во Торонто: Маж во црно испукал 20 куршуми во минувачите, убил жена, ранил 14! Напаѓачот ликвидиран

Млада жена загинала, а 14 лица биле ранети, вклучувајќи и 9-годишно девојче кое е во критична состојба, кога напаѓач во Торонто отворил оган, изјавил шефот на полицијата Марк Сандерс, додавајќи дека осомничениот напаѓач е убиен.

Страшниот момент кога почнал да пука бил снимен со камера.

Пукањето се случило во грчкиот дел на градот по 22 часот по локално време во неделата, според извештаите на канадските медиуми.

На снимката се гледа маж облечен во црно и со црн шешир, како брзо оди и пука три пат во најмалку една продавница или ресторан, во делот на Торонто во кој има многу грчки ресторани и кафулиња.

Сведоците рекле дека човекот облечен во црно испукал 20 куршуми.

“Ги истражуваме сите можни мотиви”, рекол службеник на полицијата.

Leave a comment

error: Content is protected !!