Kалуѓерки краделе бебиња, им кажувале на мајките дека се мртви, па ги продавале на богати семејства!

Во Шпанија почнало првото судењето за крадење на стотина илјади бебиња за време на диктатурата на Франциско Франко.

Илјадници семејства биле жртви на киднапирање на децата, кое почнало кратко по завршувањето на граѓанската војна и продолжило долго по смртта на диктаторот во 1975. година.

Во се била вмешана Католичката црква преку која со години се одвивала оваа страшна трговија. Чесните сестри на мајките им соопштувале дека детето им умрело при пораѓањето, а потоа детето го продавале на богати семејства, примерни католици и симпатизери на фашистичкиот режим на Франко.

Според некои информации, дури 300.000 бебиња биле киднапирани од своите мајки и сместени во семејства кои биле симпатизери на режимот на Франко. Жртви биле самохрани мајки, жени со спротивни политички погледи и оние од сиромашните семејства.

Прво лице обвинето за кражба на бебе била чесната сестра Марија Гомез, која била изведена пред шпанскиот суд во 2012. година, кога имала 87 години. Обвинета биле дека во 1982. година украла бебе од нејзината биолошка мајка и го дала на посвојување. Гомез ги негирала обвиненијата и одбила да сведочи на суд, а починала во 2013. година.

Едуардо Вела, кој работел како гинеколог во клиниката Сан Рамон во Мадрид, бил обвинет дека ја одвоил Инес Мадригал од нејзината мајка во 1969. година и ја дал на 46-годишна жена, која е запишана како нејзина биолошка мајка. Поради тоа и се закануваат 11 години затвор и се очекува дека ќе стане првиот осуден во овој скандал.

Една од жртвите е и Хозе Марија Гарсија Гонзалез, кој имал 35 години кога собирал документи за склопување на брак и дознал дека е посвоен. Неговите старатели признале дека го купиле од Вела, за износ од половина работничка плата.

На неговиот извод не се напишани имињата на биолошките родителите и не успеал да ги пронајде. Роден е во мадридската болница Сан Рамон, која ја водел Вела.

Ирене Меса исто така била купена како бебе во 1953. година. Изјавила дека се чувствува како “роба во сурова трговија”.

“Немам свои корени… Не знам ни кога ми е роденден”, рекла таа. Дознала дека е посвоена кога имала 15 години, и тоа за време на семејна расправија.

Меса имала лош однос со жената која ја посвоила. Таа жена починала оваа година и не и го открила идентитетот на биолошките родители.

На Гарсија Гонзалез му кажале дека го купиле откако разговарале со своите пријатели во католичката црква. Калуѓерките и свештениците соработувале со болниците при кражбата на децата.

“Калуѓерките измамиле голем број на млади жени. Им покажувале фотографии од мртви деца и им велеле дека се нивните”, рекол Гарсија Гонзалез.

“Во повеќето случаи, болничкиот и црковниот персонал целосно манипулирал со мајките. Моите посвојувачи стапиле во контакт со свештеник кој им рекол дека може да им пронајде бебе”, рекол тој.

Тој изнајмил адвокат во случајот против Вела и изјавил дека е среќен поради неговото судење, бидејќи тоа претставува морална победа за жртвите.

“Луѓето мислат дека сме луди, дека сакаме пари, но всушност сакаме само три работи – вистина, правда и оштета. Сакаме да знаеме кои ни се родители, сакаме одговорните да завршат во затвор и сакаме оштета за нанесената болка”, вели тој.

Меѓутоа, тој сепак не верува дека правдата ќе биде извршена.

Leave a comment

error: Content is protected !!