Каква неодговорност! Мајка го оставила своето бебе во автомобил повеќе од 8 часа – а температурата го убила бебето

Локалните медиуми пренесуваат дека мајката на детето пристигнала на работа во петокот наутро, а дека детето го оставила во седиштето во задниот дел од автомобилот.

Едногодишното дете од Флорида починало откако мајката го заборавила во жешкиот автомобил повеќе од 8 часа.

Телото на детето било пронајдено во автомобил на паркинг пред компанијата на мајката во околу 17 часот, кога дневната температурата била околу 35 степени Целзиусови.

Локалните медиуми пренесуваат дека мајката на детето пристигнала на работа во петокот наутро, а дека детето го оставила на задното седиште на возилото.

Докторите пристигнале на местото на несреќата и се обиделе да го оживеат детето, но безуспешно.

Засега не е познато како детето се вика, ниту дали против мајката ќе биде поднесена кривична пријава.

Адвокатот на семејството рекол дека ова е страшен несреќен случај и ја опишал мајката на починатото бебе како “добра и многу посветена на семејството и црквата”.

Според податоците на организацијата “Деца и автомобили”, детето е 24-то, а второ на Флорида, кое починало од горештини во автомобил од почетокот на 2018. година. Флорида е држава со втора најголема стапка на смртност на деца кои се оставени во жешки автомобили.

Во повеќето случаи се случува родителите сосема да заборават дека децата им останале во автомобилот, а кога ќе им текне, веќе е предоцна.

“Тоа во главно се случува со родители кои се многу посветени и заштитнички кон своите деца”, предупредила организацијата.

Според оваа организација, во просек 37 деца умираат секоја година во жешки автомобили во САД.

Leave a comment

error: Content is protected !!