Каков лош родител! Том Круз не ја гледа ќерката Сури, дури ја избриша и од животот

Кејти Холмс на малата Сури и е мајка и татко, бидејќи познатиот тато, ќеркичката ја избриша од својот живот, што е навистина страшно. Колку и да е Том Круз одличен глумец, нема оправдување за вакво нешто.

Како главна причина се наведува неговата припадност на Скиентолошката црква, која од омилената филмска ѕвезда, направи осаменик.

Сури сега има 12 години и нема никаков однос со таткото Том. После разводот се наруши односот на Том со Кејти која не го толерираше неговото безрезервно припаѓање на сектата, но се наруши и неговиот однос со Сури. Гледањата и комуникацијата се проретчија, а потоа и потполно исчезнаа.

Наводно, дури и пријателката на Том, Маријан Картет минатата година ги замоли обожавателите на познатиот актер, на неговиот фан профил да не поставуваат фотографии од неговата ќерка.

„Немојте да праќате фотографии од Сури на неговиот профил. Тоа е негово барање. Таа веќе не е дел од неговиот живот“- напиша Маријан која е дел од црквата, која на Том Круз му забранува да одржува блиски односи со луѓето кои не припаѓаат на заедницата.

Поради тоа што Кејт не дозволила детето да и расне онака како што црквата проповедала, Том одлучил да прекине секаква комуникација со девојчето.

Leave a comment

error: Content is protected !!