Како во романтичен филм: Твитерџиите полуделе по Макрон и Колинда: Знам дека се двајцата во брак, но се толку убав пар

Иако Колинда Грабар Китаровиќ морала да се помири со тоа дека Хрватска изгубила во финалето на светското првенство во Фудбал, изгледа дека не тагувала долго, туку сосема убаво си поминала во друштво на францускиот претседател Емануел Макрон.

Социјалните мрежи едноставно се воодушевени од оваа, како што велат, љубовна приказна.

Имено, на многу фотографии двајцата претседатели се држат за раце, заедно го гледаат натпреварот, а кога почнало да врне дожд, заедно покиснале до гола кожа и со тоа ја потполниле атмосферата.

Се изгледало како во некој романтичен филм.

Иако се двајцата во брак, твитерџиите сугерирале дека навистина би биле “сладок пар”.

“Паѓа дожд и љубовта е во воздухот”, напишала една корисничка на Твитер.

“Кога ги гледам фотографиите од Макрон и Колида знам дека тоа се само пријателски гестови, но длабоко во себе сметам дека заедно изгледаат сосема симпатично, на некој скандалозен начин”, напишал друг твитерџија.

Многумина отишле и чекор понатаму велејќи дека сопругата на Макрон била лута по ваквите сцени.

Leave a comment

error: Content is protected !!