Како Роналдо го истакна револтот за “Златната топка”: “Овие трофеи не можат да се украдат, има аларм”

Португалецот очигледно не може да го прифати фактот дека Лука Модриќ е прогласен за најдобар играч на светот, во 2018-та година. Ја пропушти шансата да го надмине Меси со бројот на најпрестижни индивидуални трофеи.

Роналдо, Меси, Меси, Меси, Меси, Роналдо, Роналдо, Меси, Роналдо, Роналдо, па Модриќ!

 

Така изгледа листата на освојувачите на “Златната топка”, во изборот на ФИФА, во последната деценија.

Владеењето на Португалецот и Аргентинецот го прекинал Хрват, што нималку не им се допаднало на ѕвездите на Барселона и Јувентус, кои, од свои причини ја пропуштиле церемонијата на доделувањето на наградите и со тој гест предизвикале лавина негативни коментари од фудбалската јавност.

Меѓутоа, Роналдо отишол подалеку со својот револт. На Инстаграм профилот од својот музеј, поставил снимки од надзорните камери на музејот, на кои можат да се видат витрините со освоените пехари.

На фотографијата од овој мозаик, се обратил и со порака:

“Овие трофеи не можат да се украдат, бидејќи има аларм”, пишува во пораката, која е јасна реакција на доделувањето на наградите и фактот дека “Златната топка” овојпат го прескокнала, а тој, како што можеме да забележиме, тоа го карактеризирал како кражба.

Не знаеме каков е ставот на Меси, по повод признанието на Модриќ, односно фактот дека ниту нему не му припаднала наградата.

Реакцијата на Роналдо е разбирлива, со оглед на тоа дека му недостасува една “Златната топка”, за да го надмине Меси.

Leave a comment

error: Content is protected !!