Како Ким Кардашијан ги завршува обврските, а како ти?

Ким Кардашијан е секогаш средена и дотерана, најчесто носејќи облека од модната линија на нејзиниот сопруг Каније Вест.

Но, како би изгледале ние доколку ги носиме овие модни парчиња, додека во последен момент трчаме испотени да ги платиме сметките за струја и вода со последните пари?

Како Ким Кардашијан оди во Мекдоналдс:

Како ти одиш во Мекдоналдс: Не одиш, зошто немаме Мекдоналдс. Единствено на шопинг во Софија или Солун едвај чекаш да се израдуваш сликајќи се за на Фејсбук со оброкот од ресторанот кој на сите ни недостастува.

Како Ким купува кафе:

Како ти купуваш кафе: Влегуваш во маалското продавниче и земаш 3 во 1 кафенце и шише вода. Го истураш кафето во шишето, промешуваш и твоето кофеинско задоволство е подготвено.

Ким купува смуди:

Како ти купуваш смуди: Какво смуди, со тие пари хамбургер од „Седмица“ ќе си купиш!

Како Ким излегува од Делоријан:

Како ти излегуваш од Делоријан: Никако, затоа што го немаш.

Како Ким излегува во град:

Како ти излегуваш во град: Перо побрзај, ќе снема „ѕидарско“ во кафич, не ми се трошат после 100 денари за мало пиво.

Ким на бизнис состанок:

Ти на бизнис состанок: Најчесто што си бил до бизнис состанок е кога ќе те седне некој познаник да те убедува да се зачлениш во Хербалајф или Лајонес или пак да нудиш осигурување.

Ким кога оди во канцеларија:

Ти кога одиш во канцеларија: Трчаш по 57-ца, целиот задишан, со кругови под пазувите и на крај сепак стигнуваш 10 минути подоцна на работа. Шефот ти крати 10 проценти од плата.

Ким кога купува гориво:

Ти кога купуваш гориво: Застануваш на бензинска и прво што правиш е броиш и собираш ситни денарчиња, за да не ставиш само 150 денари бензин. Му ги даваш на вработениот и гордо кажуваш: Стај ми 95-ка за 200 денари.

Leave a comment

error: Content is protected !!