Погледнете како ќе изгледа животот на Марс и Месечината во иднина

Конечно, фотографии кои прикажуваат како би можел да изгледа нашиот живот на Марс и Месечината.

Концептот го креираше компанијата која ја основаше Норман Фостер, можеби најпознат во светот на технологијата по својата работа на новиот кампус на Apple. Фостер и Партнерите ќе ја престават својата голема визија за вонземски живот на Феситвалот на брзината Гудвуд 2018, кој ќе се одржи овој месец.

Посетителите ќе имаат можност да видат мини модели на куќи, како и роботички и футуристички предмети кои ги развила оваа фирма, за да ја истражи иднината на животот во вселената.

„Воодушевени сме што нашите концепти за населби на Марс и Месечината, заземаа централно место во Лабораторијата на иднината на Фестивалот. Се работи за фантастична можност занас за да можеме да ви покажеме како технологијата ќе овозможи и изгради населба во вселената. Се надеваме дека посетителите на фестивалот ќе го напуштат возбудени и полни ентузијазам овој изложбен простор кој пружа добра иднина и дека тоа ќе ја инспирира следната генерација да тргне кон ѕвездите“- изјави Давид Самерфилд, шеф на студии во Фостер и Партнерите.

Интересно е дека домовите на астронаутите би се правеле со помош на 3д принтер, би имале 93 квадрати и во нив би живееле по четири луѓе.

Бидејќи земјата е многу далеку, изградбата би требало да се направи со минимално влијание на луѓе, па наместо тоа би се базирала на однапред програмни правила. На површината на Марс со падобрани би се спуштиле три видови на роботи, а секој ќе врши специјализирани задачи. Прво, полуавтономните роботи Дигер би избрале соодветна локација и тука би ископале 15, метри длабок кратер во реголитата. Потоа би се доставиле модули на надувување кои би ги исполниле кратерите.

Транспортерите со средна големина би ја поставиле додатната опрема на свое место. Потоа малите роботи Мелтер би ја стврднале земјата на Марс со микробранови. Тоа би создало траен штит кој ќе ја штити населбата од екстремни температури и зрачење. Дизајнерите велат дека одвојувањето на задачите помеѓу роботите ќе ја зголеми шансата за успешна мисија- ако се расипе еден робот или еден модул се оштети, ќе има други кои ќе ја извршат таа задача.

Leave a comment

error: Content is protected !!