Како извршните директори навистина го поминуваат работното време?

Често работниците се жалат дека немаат доволно време да ги завршат сите работни задачи кои имаат.

Колкав предизивик е тоа за извршните директори кои ја имаат најголемата одговорност, кога денот им трае еднакво, без разлика што имаат повеќе професионални обврски?

Неодамнешната студија објавена во „Харвард Бизнис“ откри на кој начин, челните директори во фирмите го користат своето време да бидат продуктивни и ефикасни. Истражувачите следеле 27 извршни директори во текот на три месеци и дошле до интересни податоци:

Титулата на извршниот директор доаѓа со многу часови работа.

Како лидер на организацијата, не е изненадувачки дека работи многу повеќе од своите вработени. Спрема извештајот од истражувањето, тие директори работат во просек 9,7 часови дневно во текот на неделата и отприлика четири часа просечно во денот во текот на викендот. Дури и кога се на одмор, лидерите работат скоро два ипол часа дневно, така да вкупно работат 62,5 часови неделно, што е и тоа како повеќе од традиционалните 40 работни часови неделно.

Вработените и клиентите често се борат за внимание на извршните директори.

Со постојани состаноци и обврски, лидерите често ја занемаруваат публиката, било тоа да е намерно или не. Помалку изненадувачки, но оние кои биле најмногу занемарени се нивните најблиски вработени и клиенти. Спрема студијата, извршните директори во просек трошеле 6 проценти од своето време за вработените, а 3 проценти за клиентите.

Раководителите ги ценат состаноците „очи во очи“

Уште едно клучно запазување на студијата е дека извршните директори им даваат приоритет на состаноците „очи во очи“ и избегнуваат разговори на телефон или видео конференции колку што можат повеќе. Речиси 61 процент од нивното работно време им поминува во лични интеракции, бидејќи тие ја разбираат важноста на поврзувањето.

Им треба време за себе, како и на сите.

Уште една изненадувачка работа во истражувањето е фактот колку време извршните директори работеле во изолирано опкружување. Тие во просек 28 проценти од времето го користеле за да работат сами.

Leave a comment

error: Content is protected !!