Додека целиот свет празникот на вљубените Св. Валентајн го слави со љубовни писма, цвеќе, романтични вечери и свеќи, нашите млади во дијаспората, поточно во Торонто овој празник традиционално го прославуваат со ора и чочеци.
Околу 200 млади, во Торонто на прослава со македонска музика го чествуваат Денот на Вљубените- Свети Валентајн, а на средина на прославата се одбираат и Мис и Мистер Валентајн, со по двајца придружници.
Интересно е што никој освен еден од овие млади не се обиде да зборува на македонски јазик. Сите зборуваа на англиски, иако во позадина се слушаа текстови на стари и новокомпонирани македонски песни.
Само еден јунак ( на 12:12) се обиде да зборува на својот мајчин јазик, што е за поздрав. Во продолжение погледнете како се забавува нашата младина во дијаспората и кои беа среќничките и среќниците избрани за Мис и Мистер: