Како изгледа грчкото летувалиште ден по поплавите?!

По обилните дождови, Грција ја погодиле големи поплави.

 

Халкидики минал најлошо, посебно Ситонија, каде биле поплавени куќи и други објекти, а улиците на кратко се претвориле во реки. Сепак, денес ширум Ситонија има сончево време по големото невреме. Фотографиите покажуваат дека морето добило жолта боја од калта.

 

Невремето цели два дена го погодило Халкидики, а силниот дожд постојано паѓал повеќе од 50 часа. Најмногу страдал Никити, каде поплавата ги уништила патиштата, некои објекти, а носела и автомобили.

Плажата е поприлично непрепознатлива. Туристите се жалат дека апартманите им прокиснувале или водата им продрела до собите, но други непријатности немало.

Како што можете да видите на снимките, во Никити неколку автомобили завршиле заглавени во песокот и калта на брегот, а плажата е значително оштетена.

Leave a comment

error: Content is protected !!