Како и до кога ќе се наплаќа?: Почна зимското работно време на Градски Паркинзи

Од вчера, 1. октомври, започна зимското сметање на работното време на јавните површини за паркирање со кои стопанисува Јавното претпријатие “Градски Паркинг”.

За зоните А, Б и Ц од понеделник до петок работното време ќе биде од 07:00 до 21:00, додека во сабота ќе биде од 07:00 до 14:00.

Во зоната Д работното време ќе остане исто, односно од понеделник до сабота од 7:00 до 23:00.

Државните празници, како и неделите, ќе бидат бесплатни во текот на целиот ден.

Leave a comment

error: Content is protected !!