Како до работа на Балканот: Политичар од Босна бара секс во замена за работа

Делегатот на Домот на народот при Парламентот на ФБиХ, Адмир Хаџипашиќ, бил снимен како од жена бара секс во замена за работа. Видеото било снимено во 2013. година, но дури сега се појавило во јавност.

На видео снимката се слуша како жена го прашува Хаџипашиќ што треба да направи за да добие работа.

“Треба ли да имаме секс”, прашала жената, а Хаџипашиќ одговорил – “Треба”.

 

После тоа предложил да имаат однос во просторијата во која се наоѓаат, на што жената рекла дека дошла само за да се договорат, а тој констатирал дека интимен однос може да имаат каде сака таа, “во хотел или на пат”.

На прашањето на жената кој и гарантира дека по односот ќе ја добие работата, Хаџипашиќ и упатил вулгарни зборови, а потоа се обидел да ја бакне и и предложил да имаат сексуални односи откако ќе и ја обезбеди работата.

Хаџипашиќ тврди дека се е извлечено од контекст.

“Исечен е делот кога и кажав дека приказната е завршена и дека не сакам никаква комуникација со неа. И кажав дека се што е кажано претходно може да се смета за шега, бидејќи прашањето беше глупаво. После тоа имаше уцени, се водеше судска постапка, а актерите се осудени на условна казна затвор”, рекол Хаџипашиќ.

Leave a comment

error: Content is protected !!