Како делува на мозокот една непреспиена ноќ: Уште не се знае дали се последиците трајни или пак има лек

Пронајдена е силна врска меѓу лошото спиење и сериозните промени во човековиот мозок.

Недостигот на сон може да го зголеми ризикот од Алцхајмерова болест. Само една непреспиена ноќ предизвикува насобирање на протеини поврзани со развојот на таа состојба. Истражување спроведено на 20 луѓе покажало дека кај оние кои претходната вечер не спиеле добро, имало пет проценти повеќе бета-амилоиди во мозокот.

Инаку, луѓето со блага загуба на помнењето имаат 21 процент повеќе од тој протеин отколку здравите луѓе, додека пациентите со Алцхајмер имаат дури 43 проценти повеќе бета-амилоиди.

Додека претходните истражувања покажуваат слични промени во мозокот на глувците, ова е прв пат да биде пронајдена силна врска меѓу лошото спиење и промените во човековиот мозок. Сонот е неопходен за отстранување на бета-амилоидите, кои може да создадат згрутчувања во мозокот и да ги блокираат важните патишта за паметење.

Сепак, не е целосно јасно дали трагите од непреспиените ноќи остануваат трајно или се видливи само ден подоцна. Како и да е, научниците веруваат дека спиењето има важна улога во природниот состав за “чистење на ѓубре” , односно ги отстранува штетните работи од телото, вклучувајќи ги и бета-амилоидите.

Leave a comment

error: Content is protected !!