Како да се ослободите од крлежите- „Магичната“ состојка ја има во секој дом

Најкритични периоди за масовна појава на крлежите се од мај до јули кога тие се најактивни, но мора на нив да внимаваме до август кога активни се ларвите.

Пајаковидните паразити се многу ситни и тешко е да се забележат додека не се закачени на телото на домаќинот. Но, откако ќе се закачат, тие цицаат крв и прават обвивка слична на мало зрно грозје. Во неа ја складираат крвта, а преку својата плунка на животното на кое се закачени може да пренесат разни инфекции.

Во пет маркетите и ветеринарните амбуланти има разни видови на ампули за заштита од крлежи кои чинат од 300-1000 денари и се за една употреба, но што најбрзо да направите доколку видите веќе оформен крлеж со чаура полна крв?

Решението е брзо и едноставно. Лоцирајте го местото каде што се наоѓа крлежот ( или доколку има повеќе крлежи) и потопете го убаво со зејтин. Обичен зејтин, каков што сите користиме по дома. За кратко време ( 5-10 минути), крлежот сам ќе падне. За тоа време останете со вашиот миленик, а најважно е да видите каде ќе падне крлежот и веднаш да го убиете и исфрлите. Не заборавајте по остранувањето да купите ампула или ланче за околу врат и да ги заштите вашите миленици.

Доколку и на вас ви се случи да ви се закачи крлеж, пробајте да го исфрлите од телото.  Но, секако морално е да посетите и доктор, бидејќи доколку бил на вас подолго време можно е да пренесе некаква инфекција.

Leave a comment

error: Content is protected !!