Како да се биде смирен, радосен и продуктивен на работното место?

Една изрека вели: Силата доаѓа од смиреноста.

Како да се биде смирен, спокоен, здрав, радосен и продуктивен?

Одговорот на ова прашање е едноставен: Треба да се биде едноставен. Тоа подразбира соединување на емотивната, интелектуалната и духовна енергија. Како? Еве неколку предлози како да се биде смирен, спокоен, здрав, радосен и продуктивен:

Да се вежба заборавање. Покрај памтењето, на наша среќа на успехот влијае и заборавањето. Заборавање на неуспесите, навредите, непријатностите, омаловажување, грешки итн. Сето тоа по принципот: Да ја научиме лекцијата, да заборавиме и да тргнеме напред.

Да се биде умерен, односно во се да се има мерка. Науката за токсикологијата вели дека мерката е таа која одредува дали одредена супстанца е отров или лек.

Да бидеме она што сме и другите луѓе да ги прифатиме онакви какви што се

Да прифаќаме ситуации и настани

Од време на време да направиме генералка во главата

Да мислиме средено и дисциплинирано

Да се ослободиме од стравовите, грижите, вознемиреност, комплекси, напнатост и чувство на вина.

Да се практикува креативна и духовна тишина

Да веруваме во себе. Спрема Н.В.Пил- „Бог нема да ни даде ништо повеќе од она во кое може да веруваме. Тој сака да ни даде многу, но не може да не примора да прифатиме повеќе отколку што ни допушта верата во него.

Да се молиме, да прифаќаме и да се заблагодариме

Да простуваме

Длабоко да дишеме, физички и умствено да се опуштиме.

Да се тргнеме од луѓе и ситуации кои не вознемируваат емотивно, физички и духовно.

Да се одвои важното од неважното.

Да бираме на што ќе дадеме значење и на што придаваме внимание.

Да бидеме свесни за можностите и слободата на изборот.

Да бидеме во склад сами со себе. Она што го збориме и правиме мора да биде во склад со она што го мислиме и чувствуваме.

Да живееме во склад со вистината.

Да не го наметнуваме на другите нашето мислење.

Не мораме секогаш да сме во право

Мора да си дозволиме себе си да немаме мислење и став за одредена појава, личност, ситуација.

Да си дозволиме себе си промена на ставот.

Треба да се ослободиме од очекувањата. Да не бараме од другите да се однесуваат во скалд со нашите очекувања.

Да ги исфрлиме изговорите

Да не ја окривуваме околината, родителите, околностите, судбината

Да преземеме одговорност

Да практикуваме љубов, љубезност и милосрдност.

Да ги контролираме реакциите, односно самоконтрола

Да не се лутиме премногу

Да се ослобидме од условеност.

Да не се споредуваме со другите

Треба да негуваме оптимизам, трпение, надеж и ентузијазам.

Да негуваме истрајност, флексибилност, воља и посветеност.

Да негуваме морал

Исправно треба да размислуваме и расудуваме, бидејќи погрешното размислување и расудување водат кон погрешни заклучоци, а тие пак водат кон погрешни одлуки.

Да не им робуваме на работите и луѓето.

Да се помириме со фактот дека луѓето, работите и околностите доаѓаат и си одат, т.е само поминуваат низ нашиот живот.

Да негуваме самопочит, самосвесност и самодоверба.

Да не се докажуваме и правдаме пред другите.

Да бидеме храбри

Да воспоставиме врска со природата.

Да воспоставиме врска со себеси.

Ова е извадок од книгата „Уметност на преговарањето“- со чија помош може да се стекнете со подобри вештини при работата.

Leave a comment

error: Content is protected !!