Како да биле раздвоени во породилно: Сличноста меѓу овие двајца фудбалери е неверојатна

Некогашниот холандски фудбалер, Џек де Гир, е плукнат Синиша Михајловиќ, а за нивната сличност многу се зборувало.

Холанѓанецот кој ја стекнал славата играјќи во Холандија и Белгија е постар од Синиша една година, а бидејќи во младоста двајцата носеле слични фризури многумина за нив зборувале дека се браќа кои се раздвоени во породилиште.

Сегашниот тренер на Болоња нема близнаци, но физичката сличност со Холанѓанецот Џек Де Гир е шокантна. Некои отишле толку далеку што измислиле генетско истражување кое покажало дека фудбалерите се всушност браќа.

Тоа отишло толку далеку што во еден момент Синиша се фотографирал со Џек и фотографијата им ја покажал на своите родители. Тогаш, наводно, неговата мајка му раскажала тажна приказна според која Синиша всушност имал брат близнак, кој наводно умрел при пораѓањето.

За приказната да биде уште посочна, се пишувало дека Синиша константно се обидувал со Џек да се договори да направат генетски тест. Холанѓанецот одбивал, но на крајот сепак прифатил. Резултатите биле шокантни. Не само што биле поврзани, туку биле и родени браќа. Тоа било врвот на измислената приказна која ги забавувала фудбалските фанови.

Де Гир, за разлика до Михајловиќ, не се прославил премногу. Во кариерата во главно играл во Холандија, со по некој излет во Белгија и Шкотска.

Играл до 2003-та година, а моментално работи како тренер.

Leave a comment

error: Content is protected !!