Како Американците се справуваат со терористи?: Протекла снимка од напад на талибани со дронови

Тензиите во судирите со талибаните во Авганистан поради неодамнешните напади, дополнително е засилена со нападите на дроновите “MOH-9 Reaper”.

На снимката која ја објавила американската војска се гледа како дроновите окружиле и убиле околу 28 авганистански борци во близина на Фарах во западниот дел на Авганистан, каде талибаните градат своја одбрана. Американскиот воен командант притоа тврди дека целта на дроновите е да предупредат за присуство, а не воздушни напади.

Меѓутоа, американските дронови извеле неколку напади, а авганистанските воздушни сили ги користеле авионите “A-29 Super Tucano” и руските хеликоптери “Mi-17” за напади на талибани.

Пукањето ескалирало откако талибаните најавиле почеток на пролетна офанзива во април.

Портпаролот на талибаните во средата на Твитер објавил дека талибанските борци се извлекле од Фарах со голема количина на плен.

Откако претседател на САД е Доналд Трамп, американските воздушни сили ја појачале својата активност во Авганистан.

Leave a comment

error: Content is protected !!