Кај Џими Кимел: Американскиот комичар ја допирал Иванка Трамп на сред емисија!

Веста дека американскиот комичар Енди Дик е обвинет за злоставување на жени во април оваа година не ја изненадила премногу јавноста. Но, снимката од 2007. година на која комичарот на национална телевизија ја допира Иванка Трамп, ќерка на американскиот претседател која во меѓувреме станала една од најпознатите телевизиски личности во САД, овие денови повторно го здогледала светлоста на денот и ја шокирала јавноста.

Дик прв пат бил уапсен во 2008. година, бидејќи на 17-годишна девојка наводно и го повлекол градникот и на сите ги покажал нејзините гради. На некој настан во 2013. година комичарот непримерно допирал и жена и маж. На фотографиите кои излегле во јавноста, се гледа како Дик им става рака под облеката.

 

Енди Дик и Иванка Трамп гостувале на ток-шоуто на Џими Кимел. Дик ја поздравил Иванка барајќи од неа, голем сочен бакнеж. Но, не застанал таму. Дик почнал да ги допира колениците и бутовите на Иванка, а таа се обидувала да го сопре на пристоен начин.

Со смешни коментари, домаќинот Џими и Иванка се обидувале да го сопрат проблематичното однесување на Дик. Бидејќи ништо не помагало, Кимел почнал да го влече Дик од Иванка. “Енди, Доналд Трамп ќе не убие двајцата”, коментирал. Но, ни тоа не помогнало.

Не минала ни минута, а Дик повторно се обидел да се доближи до ќерката на Трамп. Овој пат се обидел да ја зграби за коса и ја допирал за рака. Во тој момент, Кимел станал од столчето, отишол до Дик, а повикал и обезбедување. Го кренале комичарот од каучот, и го отстраниле од бината.

“Беше време да замине, па го испратив надвор”, изјавил домаќинот на ток шоуто. “Енди е таков. Не се грижи. Со него секогаш ми е малку непријатно. Никогаш не знаете што ќе направи”, рекол Кимел.

Кон крајот на минатата година, Енди Дик бил толку дрзок, па дури и се пофалил со инцидентот.

“Кога ја допирав Иванка Трамп кај Кимел во емисија – нозете и блескаа, а јас се сакав да видам дали тоа што свети може да се избрише. Е, да, и погрешно сфатив дека ќе сака да излезе со мене на состанок. Ме изнесе обезбедувањето”, напишал тој.

Потоа се обидел да го оправда своето однесување со постапките на Трамп.

“А ќе го изнесе ли некој Трамп? Најсериозно. Збунувачки времиња”, заклучил Енди.

Leave a comment

error: Content is protected !!