Каде и да оди, луѓето се вртат: Запознајте ја германската Барби

Се повеќе жени во светот сакаат да изгледаат како кукли, па така и оваа девојка од Берлин. Вели дека ништо нема да ја спречи во таа намера, без разлика колку би чинела целата авантура.

Парис Хермс уште во детството, како и многу други девојчиња, сакала да си игра со познатата кукла Барби. Таа љубов кон куклата, денес Парис решила да ја преточи во својот изглед. Сумата на пари која ја потрошила за да изгледа како што изгледа, е неверојатна.

Сепак, оваа Германка нема многу сличности со познатата кукла. Најпрво, не можеме да ја видиме нејзината кревкост, а ни тетоважите не додаваат многу на впечатокот.

Досега Парис потрошила 30.000 фунти за да изгледа како кукла, направила и илјадници третмани за да изгледа како Барбика. На само 17 години си ги зголемила усните, а на 18 градите. Константно ги зголемувала, со оглед на тоа дека никогаш не била задоволна со големината.

Вели дека вежба два пати неделно и редовно ги средува ноктите. Сака да отстрани и две ребра, сака да има најголеми гради во Германија, но и да го зголеми задникот. Инаку, има по два килограми силикон во секоја од градите.

За операциите пари и давала баба и, со која растела од мала. Нејзината баба не е среќна со нејзиниот избор, но сепак ја поддржува.

Без разлика што мислат луѓето за неа, таа вели дека тоа ја прави среќна и дека со својот живот ќе прави што сака.

Leave a comment

error: Content is protected !!