Во страшните пожари во Атина загинале најмалку 80 луѓе. По исчезнатите се трага, а се стравува дека бројот на жртви би можел да биде многу поголем.
Премиерот на Грција, Алексис Ципрас, прогласил тридневна жалост.
Организирани се бројни акции за потрага по исчезнатите, а помош пратиле бројни европски држави.
Првиот пожар се појавил уште во четвртокот, но поради ветерот се проширил на туристичките места Мати, Рафина, Неос Вутзас и Пентели.