Џастин Бибер запросил една од најпосакуваните девојки! Хејли Болдвин од прстенот не може да стави рака во џеб

Како што наведува американскиот портал “TMZ”, Џастин ја запросил манекенката во ресторан на Бахамите, каде парот моментално се наоѓа на одмор, а папараците и фановите успеаја да ја фотографираат Хејли со свршеничкиот прстен.

Интересно е тоа што оваа фотографијата била објавена на фан страната на Џастин и Селена на Инстаграм. Сепак, изгледа дека фановите се помириле со фактот дека помеѓу нив повеќе ништо нема да има, откако го видоа огромниот дијамант на прстенот на Хејли Болдвин.

Деталите за прстенот не се познати, но очигледно е дека Џастин не бил скромен. Фановите успеале да го снимат парот на денот на запросувањето, како што ни открива “Harpers Bazaar”, а на овие снимки делуваат многу среќно и заљубено.

Во прилог на овие гласини е и објавата на Инстаграм што вчера ја сподели таткото на Џастин.

„Малку е да кажам дека сум горд. Многу сум возбуден за твоето ново поглавје во животот“, напиша Џереми Бибер, под старата фотографија на својот син и многу е веројатно дека бракот е всушност новото поглавје за кое што зборува.

Иако запросувањето на Хејли е пребрзо направено, со оглед на тоа дека се во врска само еден месец, нивната љубовна приказна почнува уште од 2016 година, кога прв пат беа заедно, а исто така таа е одговорна за неговата последна разделба со Селена Гомез, во март оваа година.

Leave a comment

error: Content is protected !!