Јапонската принцеза се откажува од титулата за да се омажи за доставувач на роба

Минатата година и принцезата Мако, прва внука на јапонскиот цар Акито, исто така најавила дека ќе го напушти кралското семејство, кога се свршила со адвокатот Кеи Камура.

Јапонската принцеза Ајако, ќерка на покојниот јапонски принц Такамодо, одлучила да се омажи за доставувачот на роба Кеи Мори, и поради тоа ќе мора да се откаже од титулата, но за возврат ќе добие еднократна помош во износ од милион долари.

Принцезата со идниот сопруг ја запознала нејзината мајка, принцезата Такамодо, која ги познавала родителите на Кеи преку една локална невладина организација.

Принцезата Ајако има мастер диплома од социјална работа во добротворни цели, а таа страст ја дели со идниот сопруг, пренесува “CNN”.

До 2006. година, кога се родил принцот Хисахито, јапонската династија Јамато била без машки наследник за тронот, па Јапонците тогаш ја разгледувале можноста да им дозволат на жените да ја наследат круната.

Leave a comment

error: Content is protected !!