Јапонец казнет зошто отишол на ручек три минути порано- Целата институција се извинила!

Државен службеник во Јапонија бил казнет откако три минути предвреме отишол да си купи ручек.

64-годишниот работник во една институција во градот Кобе, добил парична казна откако неговите надредени откриле дека своето работно место го напуштил 3 минути порано пред утврдената пауза за ручек, 26 пати во текот на 7 месеци. Шефовите одржале и прес конференција за медиумите во кое однесувањето на вработениот го опишале како жалосно, па поради целата ситуација понудиле извинување.

Работникот го прекршил законот за јавни службеници во кој стои дека е задолжително да бидат строго концентрирани на својата работа. Културата на работење е сериозно сфатена во Јапонија каде што вработените често се под притисок и остануваат подолго на работа, за да ја докажат својата посветеност на работното место. Јапонија има и голем број на смртни случаи на работното место, познати како „кароши“.

Јапонската влада била присилена да се позанимава со овој проблем, по смртта на 24-годишната вработена во огласникот Dentsu, Мацури Такаши која во 2015 година се самоубила откако била присилена да работи повеќе од 100 прекувремени часови во месецот, вклучувајќи ги и викендите.

Затоа, јапонскиот парламент неодамна донесе закон кој забранува повеќе од 100 прекувремени часови месечно, иако многумина сметаат дека и тоа е премногу.

Leave a comment

error: Content is protected !!